Британската пејачка Дуа Липа (28) се раздели од францускиот режисер Ромен Гаврас (42) по околу шест месеци врска.
Според извори блиски до поранешната двојка, пејачката била таа што го иницирала раскинувањето. Сега таа посветува многу време на кариерата, па не може целосно да обрне внимание на личниот живот.
“Дуа и Ромен се разделија по едно љубовно лето. Кога станува збор за нејзината кариера, таа е сосема фокусирана на неа. Двојката ја прекина врската пред да се влошат работите”, велат упатените.
Медиумите за прв пат почнаа да зборуваат за новата романса на Дуа Липа во раната пролет 2023 година. Тогаш парот бил забележан првпат заедно на вечера, но и двајцата официјално не дадоа никакви коментари. Веќе во мај режисерот и пејачката со косовско потекло се појавија заедно на Канскиот филмски фестивал, фатени за рака.
Пред оваа врска, Дуа Липа долго време се забавуваше со братот на сестрите Хадид, Анвар.
Ромен Гаврас пак, пред Липа, беше во романтична врска со Рита Ора.