“Значителен дел од проектите во патната инфраструктура се завршени, во доменот на културата, образованието, ќе продолжиме и во иднина со асистенција на централната власт да ја развиваме општината уште повеќе, со нашите екипи, сметам дека жителите треба да ја дадат поддршката на ВМРО-ДПМНЕ.”
Инфраструктурата во селските населби и во самото градско јадро во Пехчево се остварува, имаме вложувања во секторот на водоснабдувањето на атмосферските канализации, имаме начин на функционирање кога градиме сообраќајници ги извршуваме истовремено со атмосферска канализација поради тоа што сме планинска област.
“Изработени се многу проекти за пречистителни станици, се работи на нова инфраструктура, се помага на земјоделците и сточарите за полесен пристап”, изјави Китански.