Почетна Убавина и здравјеАндерфест со нова музичка приказна: Осум домашни бендови на 6 ноември во МКЦ

Андерфест со нова музичка приказна: Осум домашни бендови на 6 ноември во МКЦ

од nenad
1 минути читај за

Алтернативниот звук повторно ќе го преземе Младинскиот културен центар. На 6 ноември во петок таму ќе се одржи осмото издание на „Андерфест“, фестивал кој низ годините се профилира како платформа за промоција на независните музичари и домашната авторска продукција.

Годинешната програма носи осум имиња: Мамут, Корка, Eurokrem, Replays, Princess Donatsu, Крул, Гној и Фанк Шуи. Различни генерации, музички влијанија и стилови ќе се најдат на иста сцена, обединувајќи ги бендовите околу заедничката идеја за слободен и автентичен музички израз.

Наместо да се потпира на веќе воспоставените музички формати, „Андерфест“ го става акцентот на домашното творештво, новите бендови и составите кои ја градат својата публика преку авторска музика и настапи во живо.

Со осмото издание, фестивалот продолжува да ја афирмира македонската алтернативна сцена и да создава можности за нејзина поголема видливост.

Осмото издание на фестивалот ќе се одржи на 6 ноември 2026 година во МКЦ – Скопје, a картите може да се набават преку www.tix.mk

Фестивалот е поддржан од Министерството за култура, Општина Центар и „Скопско Смут“.