106
Советот за безбедност утре со почеток во 15 часот ќе одржи седница во Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски.
На дневен ред на редовната седница на Советот за безбедност ќе биде безбедносната состојба во Република Македонија и евро-атлантскиот регион.
-На седницата, покрај членовите на Советот за безбедност, ќе присуствуваат и директорот на Агенцијата за разузнавање Еролд Муслиу, директорот на Агенцијата за национална безбедност Зарко Милошевски и Началникот на Генералштабот на Армијата генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, информираат од Кабинетот на претседателот.