Почетна Македонија(Видео) Британските хеликоптери пристигнаа во Украина

(Видео) Британските хеликоптери пристигнаа во Украина

од nenad
1 минути читај за

Британските хеликоптери „Си Кинг“, способни да ловат подморници, пристигнаа во Украина, објави на Твитер украинскиот министер за одбрана Алексеј Резников без да прецизира за кои хеликоптери станува збор.

Хеликоптерите пристигнаа во Украина на само еден ден откако претседателот на Руската Дума Вјачеслав Володин му се закани на западот дека поддршката на САД и НАТО на Украина го води светот во „страшна војна“.

„Ако Вашингтон и земјите од НАТО испорачаат оружје што ќе се користи за напади врз градови и ќе се обидат да ги окупираат нашите територии, како што се закануваат, тоа ќе доведе до одмазднички мерки со користење на помоќно оружје“, порача Володин.


Инспирирано од: infomax.mk