Почетна Убавина и здравје„Патувај Зоки, патувај таму каде што сите ќе дојдеме еден ден” – Убавина и здравје

„Патувај Зоки, патувај таму каде што сите ќе дојдеме еден ден” – Убавина и здравје

од nenad
1 минути читај за



Популарната водителка Лила Филиповска и новинарoт Зоки Фаци заеднички поминаа  и убави и помалку убави моменти. Си беа меѓусебна поддршка и ветер во грбот додека и двајцата поминуваа низ здравствени проблеми.

За жал Зоки Фаци завчера ја изгуби битката со ракот. Па денес неговите најблиски: семејството, пријателите и сорaботниците се упатија кон Катланово, местото од каде го испратија новинарот во неговиот вечен дом.


Поврзани објави

Обземена од емоции и впечатоци од последната средба со својот пријател, Лила Филиповска му посвети објава на социјалните мрежи, како што и самата кажа, без многу патетика но достоинството како што Зоки одсекогаш сакал и како што заслужува.

“Денес те видов последен пат и те испратив во твојот вечен дом онака како што доликува. Достоинствено. Знам дека не сакаш патетики па затоа нема да бидам. Па ќе пишам мал дел од омилената ни песна која се обидувавме да ја научиме на памет:

“Сјај во тревата
Иако ништо не може да го врати Сјајот во тревата И убавината на цвеќето, Ние не ќе жалиме; Ќе најдеме сила во она што преостанува Во блажените мисли Кои се шират низ човековото страдание Во верата која гледа низ смртта…
Патувај Зоки, патувај таму каде што сите ќе дојдеме еден ден”,

Напиша Лила под објавената слика од Зоки на социјалните мрежи.

 

Фото: Инстаграм Принтскрин https://www.instagram.com/zokifaci/?hl=en