Сигурно сите веќе ги препознавате нивните дела во кои што ќе ги вброиме и песните: „За Велигден”, „Решив дома да се вратам”, „Стојне мома на чорбаџи Стојана”…
Ѓоко Јовиќ и текстописецот Александар Стевановски веќе неколку години важат за музичка двојка која што заедно твори и создава нови песни.
Сигурно сите веќе ги препознавате нивните дела во кои што ќе ги вброиме и песните: „За Велигден”, „Решив дома да се вратам”, „Стојне мома на чорбаџи Стојана” и други. Ова се песни кои што се создадени токму од нивната ризница, а своевремено ги отпеа самиот Ѓоко Јовиќ и направи вистински бум со истите.
Она што е интересно е тоа што овој тандем покрај песни за нашиот твори и за балканскиот пазар, па токму затоа и ја објавуваме оваа статија.
Поврзани објави
Веројатно се сеќавате на Армин Биједиќ од Босна кој што го препеа хитот на Синан Сакиќ и броејќи преку 30 милиони прегледи на ЈуТјуб, го вивна до ѕвездите, а насловен е како „Куда идеш сречо моја”, или „Каде одиш среќо моја”.
Токму Армин е оној кој што во периодов неуморно работи на новата песна која што за него ја пишуваа Јовиќ и Стевановски, а судејќи по тимот кој што работи на аранжманот и на спотот уште отсега сме убедени дека песната ќе биде вистински погодок за нивните обожувачи.
Планирано е песната да биде објавена во текот на наредниот месец, а дотогаш останува да почекаме.