Table of Contents
Без разлика дали сте на почеток на врската или во долга врска, дејтот е идеален начин да ја прекинете рутината и да ја разбудите романсата. Ако веднаш ви падне на памет одењето во ресторан за вечера или летно кино, ви предлагаме да пробате нешто поинакво.
Летото е тука и времето е погодно за многу активности, особено ако сте љубители на природата и генерално преферирате „надвор“. Со организирање на летен состанок надвор, ќе создадете посебни спомени со партнерот, а и ќе заштедите пари – бидејќи очигледно ќе биде поекономично.
Организирајте пикник
Организирањето на пикник е идеална идеја која комбинира забава и релаксација. За да го направите тоа, изберете парк во ваша близина. Ќе ви треба мала корпа со грицки, сендвичи, овошје и вода или сокови за да ја задоволите жедта. Не заборавајте да понесете крпа или подлога за удобно да седите на тревата или песокот.
Посетете забавен парк
Ролери, вртелешки и други забавни игри се одличен избор бидејќи ќе се забавувате и ќе се смеете многу. Можеби ќе освоите и плишано мече (екстра романтично). На крајот на краиштата, не е случајно што американските романтични филмови вклучуваат сцени во забавните паркови.
Поврзани објави
Возење со велосипед
Дејт кој комбинира фитнес, природа и во исто време е економичен. Е тоа е возењето велосипед. Ако немате свој, се разбира, секогаш можете да изнајмите.
Кампување
Ако сакате ноќе да лежите под ѕвездите и да се будите од чврчорењето на птиците покрај партнерот, тогаш ова е идеално време да најдете шатор и да одите на кампување. Не заборавајте да понесете средство против комарци, комплет за прва помош и доколку сакате скара, специјална за кампување.
Дегустација на вино
Ако сакате вино, сакате да ги проширите хоризонтите на вкус и да пробате нови ароми, тогаш дегустацијата на вино е идеалниот избор. Најдете го вашиот омилен вински бар кој го нуди ова искуство.