Анџелина Џоли го бакна својот брат во уста, а Вуди Ален се ожени со својата ќерка!
Познатите личности ја интригираат јавноста со својот живот, а обожавателите сакаат да знаат сè што им се случува на приватен план. Некогаш и самите славни личности ја ставаат својата приватност на послужавник за да стекнат поголема слава, додека други привлекуваат внимание со своите изјави и однесување.
На пример, пензионираниот фудбалер Дејвид Бекам често ги бакнува децата во уста, но тој не е единствениот. Во продолжение дознајте кои ѕвезди ја „преминуваат линијата“ со членовите на своето семејство, а за многу врски се тврди дека имаат „инцестуозна“ природа.
Следниве познати личности нè тераат да се запрашаме какви семејни и меѓучовечки односи имаат со своите најблиски.
Анџелина Џоли и братот Џејмс Хевен
Анџелина Џоли го бакна својот брат Џејмс Хевен на оскарите во 2000 година, кога актерката беше номинирана за улогата во Youth Broken.
Во говорот, таа рече дека е „многу вљубена во него“. Братот на Анџелина еднаш изјави дека му било тешко да најде девојка поради неговата сестра.
Јас сум перфекционист. Освен тоа, толку сум близок со Енџи што имам чувство дека веќе постои совршена жена во мојот живот и тешко дека некоја друга ќе го достигне тоа ниво – рекол тој.
Со молскавична брзина низ Холивуд се прошири веста дека Анџелина и Џејмс се во чудна врска, се алудираше на инцест, но оттогаш се воздржуваа од вакви изливи на љубов во јавноста.
Доналд и Иванка Трамп
Поврзани објави
Од бракот со Ивана Трамп, Доналд има два сина и ќерка Иванка, која е негова најголема поддршка. Долго време се шпекулираше за нивната врска, а сите ги интересираше што се крие зад контроверзната врска на татко и ќерка.
Пред да стане претседател на Соединетите Американски Држави во 2017 година, Доналд Трамп даде неколку бизарни изјави за Иванка. Напомена дека Иванка го има „најдоброто тело“ и дека не би имал ништо против ако неговата ќерка позира за магазинот „Плејбој“.
Реков дека би бил во врска со неа да не ми е ќерка. Таа е навистина нешто посебно и убаво. Да не бев среќно оженет и да не ѝ бев татко… – рече тој, алудирајќи на тоа дека би ја завел Иванка.
Стивен и Лив Тајлер
Пејачот на групата Аеросмит е снимен неколку пати како ја бакнува својата ќерка Лив Тајлер во уста на црвениот тепих. Тој истакна дека за него е нормално ќерката да му е привлечна на таткото, и дека не гледа никаков проблем во тоа.
Како таткото да не чувствува привлечност кон својата ќерка, особено ако е создадена од него и жената со која се оженил? Освен ако не е многу грд маж, таткото секогаш до одреден степен ќе чувствува сексуална привлечност кон својата ќерка – изјави своевремено славниот Стивен Тајлер.
Можеби најконтроверзниот пар на јавната сцена се режисерот Вуди Ален и Сун Ји. Познатиот уметник, додека беше во врска со актерката Миа Фароу, сакаше да развие романса со нејзината ќерка Сун-Ји, која ја имаше со музичарот Андре Превин.
Иако Ален никогаш не ја посвоил, тој долго време бил единствената татковска фигура во нејзиниот живот. Нивната врска стана позната кога Миа нашла голи фотографии од својата ќерка кај Вуди.
Без разлика што Вуди е 35 години постар од Сун-Ји, тие се венчаа во 1997 година, а нивната љубов преживеа и покрај многубројните скандали кои ги следеа.