По повеќе од 40 дена интензивно лекување на интензивната нега, Панчо е преместен на оддел, каде што и понатаму ќе продолжи со третманот за изгорениците што ги претрпе по телото и на дишните патишта.
Здравствената состојба на Владимир Блажев-Панчо, член на познатиот бенд ДНК, се подобрува по тешките повреди што ги доби при трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“.
По повеќе од 40 дена интензивно лекување на интензивната нега, Панчо е преместен на оддел, каде што и понатаму ќе продолжи со третманот за изгорениците што ги претрпе по телото и на дишните патишта.
Според неофицијални информации, на Панчо му е направена успешна операција за пресадување кожа, а предвидена е уште една. Досега во болницата го посетила неговата сопруга Маја со децата.
Во меѓувреме, Панчо се наоѓа во 46-от ден од болничкото лекување, по почетната хоспитализација во Клиничкиот центар во Скопје, а потоа беше преместен во приватната болница „Систина“, каде што и понатаму се прават напори за неговото закрепнување.
Неофицијални информации потврдуваат дека состојбата на Панчо е стабилна, но процесот на неговото закрепнување ќе биде долг и исцрпувачки. Во македонските болници сè уште се лекуваат тројца пациенти од трагедијата, меѓу кои и Панчо.
Поврзани објави
Од извори од болницата Папаниколау во Солун дознаваме, дека двете хоспитализирани девојки, жртви во пожарот се отпуштени, а третиот пациент се’ уште лежи на одделот за изгореници, но состојбата му е стабилна и закрепнува.
Поради трагичниот настан, поврзан со пожарот во „Пулс“, обвинителството изврши истрага и потврди дека Панчо е осомничен за внесување пиротехнички средства кои довеле до експлозијата. Пожарот, кој започнал од сценските ефекти, резултираше со страшна катастрофа – 62 загинати и 197 повредени. Осум членови на бендот ДНК ги загубија своите животи, меѓу кои и вокалот Андреј Ѓорѓиески и гитаристот Андреј Коларов.
Прекршувањето на безбедносните протоколи за време на концертите остави длабоки последици, кои и понатаму ќе го прогонуваат македонскиот музички свет.
Трагедијата која го потресе целиот регион бара одговорност и поправка на безбедносните стандарди во музичката индустрија.
Фото: архива на „Свет“, Инстаграм