Спектаклот се случи непосредно пред зајдисонце и создаде неверојатни сцени.
Од Македонија вечерва можевме да го следиме затемнувањето на Сонцето, но само во делумна фаза. Во Скопје започна околу 19:29 часот, а максимумот беше околу 19:35 часот.
Сосема поинаква глетка имале набљудувачите во делови од северна Шпанија. Таму Месечината го покрила целиот сончев диск, па денот за кратко се претворил во темнина.
ФОТОГРАФИИ МОЖЕ ДА ПОГЛЕДНЕТЕ ОВДЕ
Поврзани објави
Целосното затемнување можело да се види на подрачја од Галиција, Астурија, Баскија, Арагон и Валенсија, како и на Балеарските Острови. Целосната фаза се случувала многу ниско над хоризонтот, непосредно пред зајдисонце.
За Македонија, пак, ова беше само делумен астрономски спектакл – Месечината покрила мал дел од Сонцето. Затоа фотографиите од Шпанија изгледаат драматично поинаку од сцените што можевме да ги видиме од нашите краеви.
pexels- sonce