Бара итна реакција против фалсификуваниот профил на Инстаграм кој ја злоупотребува неговата сопруга.
Боксерoт Вељко Ражнатовиќ, преку својот Инстаграм профил со апел ги повика сите да го пријават фалсификуваниот профил направен во името на неговата сопруга, Богдана.
Тој објасни дека не му пречи што постои фан-страница – проблемот настанал кога профилот почнал да објавува ставови и да рекламира производи без негова или нејзина согласност.
Вељко смета дека ова може да создаде сериозна забуна и да нанесе штета на нивната репутација, па затоа побара од своите следбеници да реагираат и да помогнат.
Неговата главна порака е:
Фалсификуваниот профил не е без невина намера, туку создава забуна и лажни реклами, и затоа барам веднаш да биде отстранет и пријавен“.
printskrin Youtube-meridijan veljko raznatovic