Претседателот на САД, Доналд Трамп за „Волстрит џурнал“ (Wall Street Journal) изјави дека Вашингтон не бил предупреден, но бил свесен за израелските планови за напад врз Иран.
– Предупредување? Немаше предупредување. Но, знаевме што се случува, наведе Трамп.Тој израелската операција врз Иран ја оцени како „многу успешен напад“.
– И кажав на другата страна (Иран) дека имаат 60 дена да се постигне договор. Денеска всушност е 61 ден и тоа беше многу успешен напад, наведе Трамп, додавајќи оти сè уште има можност да се постигне договор, додека „нешто им има останато“.Запрашан за влијанието врз финансиските пазари, Трамп одговори: „Мислам дека на крајот ќе биде одлично, бидејќи Иран нема да има нуклеарно оружје … Иран повеќе нема да има нуклеарно оружје што беше голема закана за човештвото“.Израел денеска го нападна Иран, како што наведе израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, во обид да се елиминираат нуклеарните и ракетните капацитети на Техеран.