Џенифер Лопез особено го обожава овој фустан, а добрата вест е што кај нас може да се најде за 1500 денари
Латино-дивата Џенифер Лопез позирала за социјалните мрежи заедно со синот Макс во прекрасен кошула-фустан што го одзема здивот.
Она што во последно време најмногу се издвојува во модните медиуми е класичниот миди фустан-кошула.
Миди-фустанот со крагна е одличен избор за изглед на моќна жена. Со многуте дезени на располагање, невозможно е да направите грешка со овој фустан.
Џеј Ло дефинитивно обожава вакви фустани и ги има носено безброј пати, а доброто е што кај нас може да се најдат и за 1500 денари.
Поврзани објави
Сега пожелно е да одберете модел што ќе го евоцира медитеранскиот дух, преку линиите во сина боја со бела основа, кој не само што ќе направи да изгледате софистицирано, туку и автоматски ќе ве одведе на Санторини или Миконос.
Дополнете го стајлингот со смела чантичка во весели бои, како тиркизна или портокалова, а можете да одберете и едноставни нијанси на сина, која одлично ќе се вклопи во целосниот изглед.
Покрај Џенифер, голема љубителка на овој стил е и Гвинет Палтроу, која неодамна објави видео на Инстаграм токму во кошула-фустан со линии.
Каде и да се појавите, можете да бидете сигурни дека вашиот изглед ќе биде проследен со заводливи погледи, бидејќи овој кошула-фустан добро знае како да привлече позитивно внимание.