Почетна ЕкономијаАмерикански медиуми: Русија ќе го ослободи Гершкович во голема размена на затвореници со Запад

Американски медиуми: Русија ќе го ослободи Гершкович во голема размена на затвореници со Запад

од nenad
1 минути читај за

Американскиот новинар, Еван Гершкович и поранешниот американски маринец, Пол Вилан се очекува да бидат ослободени од Русија како дел од една од најголемите размени на затвореници Исток-Запад од Студената војна, јавија денеска американските медиуми.

Си-Ен-Ен и други американски мрежи ја објавија информацијата, а Еј-Би-Си Њуз јави дека во размената се вклучени многу земји и Русија. Засега нема потврда од американски официјални лица.

Кремљ одби да коментира за каква било размена. -Се уште немам коментар на таа тема, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Новинарот на „Волстрит џурнал“ Гершкович (32) беше приведен во март 2023 година и осуден во јули под обвинение за шпионирање во судење што САД го осудија како измама. мс/фото: МИА архива .

Извор: МИА