Црната маскара е безвременска класика, но понекогаш само една промена во бојата е доволна шминката на очите да добие сосема поинаков карактер. Кафеавата може да биде избор за понежен изглед, сината внесува разигран акцент, додека водоотпорната црна варијанта е практично решение кога е потребна поголема отпорност. За различни расположенија и makeup комбинации, dm марката trend !t up ја нуди N°1 Express Volumen Mascara во сина, кафеава и црна боја, како и во водоотпорна црна варијанта.
Она што ги поврзува маскарите од оваа линија е фокусот на волуменот и нагласувањето на трепките. Специјалната „maxi-loading“ четка е дизајнирана за постигнување волумен и визуелно погусти трепки, создавајќи поизразен изглед на очите. Формулите се офталмолошки тестирани, а маскарите се погодни и за лица кои носат контактни леќи.
За оние кои сакаат да излезат од рамките на класичната црна маскара, trend !t up N°1 Express Volumen Mascara 030 доаѓа во сина боја. Таа може да биде интересен акцент во шминката на очите и начин класичниот изглед да добие малку повеќе боја. Истовремено, Maxi-Loading четката овозможува постигнување интензивен волумен и погусти трепки.
Ако изборот е помек тон, trend !t up N°1 Express Volumen Mascara 020 е кафеава маскара која го комбинира ефектот на волумен со кафеава нијанса. Може лесно да се вклопи во различни дневни „make up“ комбинации, особено кога посакуваниот резултат е нагласен поглед со промена од традиционалната црна боја.
Класиката во линијата е trend !t up N°1 Express Volumen Mascara 010 во црна боја. И кај неа специјалната четка е создадена за додавање максимален волумен и интензивно визуелно згуснување на трепките. Црната нијанса дополнително ги истакнува очите и лесно се вклопува и во дневни и во понагласени вечерни изгледи.
Кога, пак, е потребна водоотпорна варијанта, тука е trend !t up N°1 Express Volumen Waterproof Black. „Maxi-loading“ четката со секое нанесување придонесува за поголем волумен и визуелно погусти трепки, додека водоотпорната формула е збогатена со манои путер кој помага во задржувањето на влажноста. Формулата истовремено ги негува трепките и помага да се спречи нивното слепување.
Од класична црна и водоотпорна варијанта до кафеава и впечатлива сина – trend !t up N°1 Express Volumen маскарите во dm оставаат простор истиот „makeup“ производ да се избере според расположението и посакуваниот изглед. Понекогаш токму трепките се доволни за мала промена: прашањето е само – црна, кафеава или сина?