Се верува дека просото е најздравата житарка на светот, бидејќи нуди многу придобивки за организмот
Просото содржи клучни аминокиселини кои помагаат за изградба и обнова на мускулите и клетките на кожата. Исто така, богато е со јаглехидрати кои бавно се варат, па брзо дава чувство на ситост и помага во процесот на слабеење.
Тоа е едно од ретките житарки што не содржат глутен, што е од големо значење, бидејќи многу луѓе се алергични на глутен, а добро познат е фактот дека глутенот доведува до дебелеење. Содржи многу витамини и минерали, како што се калциум, калиум, јод, магнезиум, витамини А, Е и Б, но содржи и железо и влакна.
Оваа житарка содржи и природни масти, кои се клучни за апсорпција на витамини, како каротен и витамин Д.
Кашата од просо го подобрува и здравјето на нервниот систем поради витаминот Б1 што го содржи, а поради изобилството на витамин Б5, ги намалува стресот и притисокот. Особено добро влијае врз здравјето кај постарите луѓе, бидејќи позитивно дејствува на здравјето на мозокот, меморијата и физичките способности.
Поврзани објави
Просото содржи и многу железо и магнезиум, а неговите соединенија помагаат за прочистување на телото од тешки метали и други опасни супстанции што ги внесуваме во телото.
Кардиолозите го препорачуваат како намирница што треба да се јаде што почесто, бидејќи содржи многу калиум, кој помага во борбата против срцеви болести, го нормализира крвниот притисок и ги зајакнува крвните садови.
Поради сите овие благотворни дејства на организмот, се верува дека просото е најздравата житарка на светот.
ФОТО: Принтскрин Јутјуб