Почетна МакедонијаОдносите Албанија – Македонија, клуч за унапредување на соживотот и соработката објавува

Односите Албанија – Македонија, клуч за унапредување на соживотот и соработката објавува

од nenad
1 минути читај за

Претседателот на Собранието на Албанија, Нико Пелеши, освари средба со Министерот за односи меѓу заедниците на Македонија, Агон Ферати, со кого разговараше за унапредувањето на односите меѓу двете земји, институционалната соработка и прашањата поврзани со заедниците и општествената кохезија.

Ферати истакна дека поповрзан, посоработлив и поевропски регион се гради преку директен дијалог, размена на искуства и конкретни партнерства.

„Унапредувањето на односите меѓу двете земји на ново ниво е предуслов за уште поефикасно функционирање на Охридскиот договор“, беше пораката што министерот Ферати му ја пренесе на претседателот на Собранието на Албанија, Нико Пелеши, за време на нивната средба во Тирана.

Во текот на разговорот, тие дискутираа и за важноста од негувањето на добрите односи меѓу двете земји и за потребата од конкретна институционална соработка, особено во прашањата поврзани со заедниците, животниот стандард, инклузијата и зајакнувањето на општествената кохезија.

Министерот Ферати изрази благодарност за гостопримството и за отворениот и содржаен разговор, кој се одржа во период кога Собранието на Албанија расправаше и за законот за територијалната реформа на општините во Албанија.

Во рамките на Балканскиот бизнис-форум, Ферати се сретна и со Јорида Табаку, една од водечките фигури на Демократската партија на Албанија, која ја опиша како личност која ужива голема почит кај меѓународните партнери.

За време на средбата, тие разговараа за соработката во рамките на европското политичко семејство и за заедничкиот пат кон Европската Унија.

„Ќе продолжиме заедно да чекориме по овој европски пат“, истакна Ферати, нагласувајќи ја важноста на соработката и партнерствата што придонесуваат за приближување на земјите од регионот кон Европската Унија.


Post Views: 125