Почетна ЕкономијаТрамп: САД и јас не добивме Нобелова награда и покрај сите достигнувања

Трамп: САД и јас не добивме Нобелова награда и покрај сите достигнувања

од nenad
1 минути читај за

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска повторно приговараше поради тоа што не ја доби Нобеловата награда за мир, истакнувајќи дека таа награда не ја добиле САД и тој и покрај сите достигнувања ширум светот за кои, како што тврди, е заслужен.

„Решив 8 војни, блиску сум до завршување или решавање на уште 2, ги вратив сите израелски заложници, вклучително и последните 28, и живи и мртви, издејствував стотици заложници, од земји ширум светот, да се ослободат и да се вратат дома, победив во војната во Венецуела и го уапсив насилниот диктатор кој толку свирепо управуваше со таа земја, и ја спречив државата главен покровител на тероризмот, Исламската Република Иран, да се стекне со нуклеарно оружје – и многу повеќе од тоа! Сепак, со сето тоа јас, ниту Соединетите Американски Држави, не ја добивме Нобеловата награда за мир“, напиша Трамп на Трут Соушл.

Тој и синоќа рече дека тоа е срамна и непријатна одлука која оставила дамка врз Норвешка, земјата домаќин на Нобеловиот комитет.
Извор: МИА