Сите очи биле вперени во Џесика Честејн кога стапнала на црвениот килим во Бродвеј за време на 76. доделување награди „Тони“
Актерката Џесика Честејн се појавила вчера на доделувањето награди „Тони“ облечена во интензивно жолт, раскошен фустан на модната куќа „Гучи“.
Околу вратот носела неверојатно богат дијамантски ѓердан, кој совршено се вклопил во нејзиниот изглед, правејќи ја божица на гламурот.
Со овој неверојатен фустан Џесика облекла наметка, која ѝ дала единствен печат.
Ретко кој знае дека Џесика потекнува од сиромашно семејство, но се омажила за италијанскиот балгородник Џан Лука Пасио де Препосуло.

Иако сега ужива во богатството и гламурот, таа неволно се присетува на своите сиромашни почетоци:
„Не зборувам многу за тоа, но тоа навистина беше… не е она што би го очекувале“, рекла актерката.
„Кога ќе ме видат луѓето, мислам дека очекуваат поинаква приказна од мене.“
Поврзани објави

Џесика открила дека во недостиг од материјални работи, па дури и храна, таа пораснала многу огорчена.
Актерката во 2017 година проговорила дека мајка ѝ понекогаш крадела за да го нахрани своето семејство од пет деца.
„Крадевме храна од продавница, бидејќи немавме пари“, признала Честејн, додавајќи:
„А некои луѓе знаеја дека го прави тоа, но не ја спречуваа. Хуманоста е насекаде. Сега сме добро зашто луѓето ја штитеа“.

Џесика планира комплетно да ја возврати таа хуманост.
„Имаше луѓе кои видоа дека се мачам како дете и ми помогнаа. И затоа завршив таму каде што сум сега.
Токму затоа што доаѓам од таква позиција, знам како е. И тоа ме лути. И не сакам кому било друг да му биде ускратено што било. Во смисла на глас, да биде виден, да биде признаен и ценет“, додала таа.