Почетна Убавина и здравјеКејт и Вилијам објавија досега НЕВИДЕНА ФОТОГРАФИЈА НА КРАЛИЦАТА ЕЛИЗАБЕТА СО СИТЕ ПРАВНУЦИ

Кејт и Вилијам објавија досега НЕВИДЕНА ФОТОГРАФИЈА НА КРАЛИЦАТА ЕЛИЗАБЕТА СО СИТЕ ПРАВНУЦИ

од nenad
1 минути читај за


Кејт Мидлтон и принцот Вилијам се сетија на покојната кралица Елизабета Втора.

На денешен ден минатата година почина кралицата Елизабета Втора во 15 часот и 10 минути, според нејзината потврда за смртта.

Светот се сеќава на најдолговечниот британски монарх, а исто така и нејзиното семејство. На официјалниот Инстаграм профил на принцот Вилијам и Кејт Мидлтон се појавија фотографии на кралицата, меѓу кои и досега невидена.

На неа кралицата Елизабета Втора позира со сите нејзини правнуци, а меѓу нив секако беа и децата на принцот Вилијам и Кејт Мидлтон – принцот Џорџ, принцезата Шарлот и принцот Луис.

Денес се сеќаваме на неверојатниот живот и наследството на кралицата Елизабета Втора. На сите ни недостасуваш“, напишаа Вилијам и Кејт.