Почетна Убавина и здравјеОвој колач можете да го јадете колку што сакате, лесно се приготвува и има фантастичен вкус (ВИДЕО) – Убавина и здравје

Овој колач можете да го јадете колку што сакате, лесно се приготвува и има фантастичен вкус (ВИДЕО) – Убавина и здравје

од nenad
1 минути читај за



Чоколадниот колач без шеќер и брашно можете да го јадете дури и кога сте на диета.

Доколку не можете да се откажете од слатките, но сакате да се храните здраво, ви го откриваме идеалниот рецепт. Овој колач ќе го сакаат сите љубители на чоколадните задоволства, а најдоброто од сè е што не дебелее и можете да го јадете без да ве гризе совеста.

Оваа торта не содржи шеќер и брашно, туку само здрави состојки, па затоа е одлична алтернатива за сите што поради исхраната избегнуваат слатки. Животинското млеко можете да го замените со растително и наместо обично чоколадо – да употребите чоколадо без шеќер.

Доколку шеќерот, солта и белото брашно се избришани од вашата листа на намирници или ако сте на одредена диета, овој деликатес е вистинското решение.

Лесно се прави, а ќе добиете сè што сте посакале.

Состојки:


Поврзани објави

2 јајца
2 банани
2 лажици какао
10 г прашок за печиво
70 г темно чоколадо
30-50 мл млеко

Приготвување:

Измешајте зрели банани, јајца и какао. Смесата стевете ја во блендер или изматете ја со миксер. Истурете ја во плех и печете на 180 степени околу 25 минути.

Изладениот колач прелијте го со темно чоколадо растопено во малку млеко. Јадете го топол или изладен во фрижидер.

Фото: Printscreen Youtube