Почетна Убавина и здравјеКулминација на гротескни сцени – Десингерица распарча пред публиката, мрасностии течат насекаде (ВИДЕО)

Кулминација на гротескни сцени – Десингерица распарча пред публиката, мрасностии течат насекаде (ВИДЕО)

од nenad
1 минути читај за



Снимките од настапот веднаш станаа вирални

Драгомир Деспиќ Десингерица повторно ја шокираше јавноста со својот последен настап во Будва. Познат по екстремните и бизарни перформанси, овојпат донесе цело печено јагне и го растрга над публиката, а парчињата месо паѓаа на сите страни.

Контроверзниот репер веќе има бројни провокативни настапи зад себе, меѓу кои „удирање“ со патики по главите на луѓето, кршење јајца и правење пити и палачинки врз публика, а еднаш дури симулирал и породување на сцената. Со последниот потег, Десингерица повторно ги запали социјалните мрежи.

Instagram printscreen/dragomirdespic_design


Поврзани објави

Снимките од настапот веднаш станаа вирални, а дел од фановите го пречекаа со восхит, додека другите беа згрозени од екстремноста на сцената. Настапот предизвика лавина реакции и коментари на интернет.

Видеото може да го погледнете ОВДЕ

И покрај контроверзноста, Драгомир Деспиќ Десингерица не планира да ги смири изведбите и најавува уште поекстремни перформанси во иднина. Неговите настапи продолжуваат да будат внимание и да предизвикуваат реакции кај јавноста.

printskrin Youtube – Milica Kemez Official desingerica