Манекенката блесна на свадбена прослава во впечатлива креација, а нејзиниот изглед повторно привлече внимание.
Светлана Црнокрак повторно покажа дека знае како да привлече внимание со својот изглед. 50-годишната манекенка се појави како гостинка на свадбена прослава во елегантна златна креација од дизајнерката Ива Спасовска.
Долгиот фустан ја следеше силуетата, а ресите и златните детали му дадоа дополнителен гламур на стајлингот. Изгледот го заокружила со златни сандали и впечатливи обетки.
Светлана, која во февруари годинава наполни 50 години, со сопругот Мики со децении е едно од препознатливите лица во македонскиот моден свет.
Screenshot Instagram