Table of Contents
Најстариот запишан рецепт за штрудла потекнува од 1696 година и се чува во Виена, што сведочи за неговата долга традиција
Штрудлата е еден од најпознатите традиционални десерти во средна Европа. Се прави од тенко, рачно расучено тесто, кое се полни со разни слатки филови, се завиткува во ролна и се пече додека добие златна боја.
Состојки:
За тестото:
- 500 г мазно пченично брашно
- 1 кесичка сув квасец (или 20 г свеж)
- 250 мл млако млеко
- 1 јајце
- 3 лажици шеќер
- 1 кесичка ванилин шеќер
- 80 мл масло или стопен путер
- прстофат сол
За филот: (од афион или ореви)
- 200 г мелен афион или мелени ореви
- 100 г шеќер
- 150 мл топло млеко
- 1 кесичка ванилин шеќер
- рендана кора од 1 лимон (по желба)
За други филови:
- јаболка: 500 рендани јаболка + шеќер + цимет
- сирење: 300 г слатко сирење + 1 јајце + малку шеќер
- џем: 200-250 г погуст домашен џем
Поврзани објави
Приготвување:
Во млако млеко разматете го квасецот со лажиче шеќер и оставете го 5-10 минути да се активира. Во поголем сад измешајте брашно, сол, шеќер и ванилин шеќер. Додајте јајце, масло и нараснатиот квасец, па замесете меко, мазно тесто. Покријте го тестото со крпа и оставете го на топло место околу 30 минути за да стане двојно поголемо.
Нараснатото тесто префрлете го на набрашнета површина и прво расучете го со сукало, а потоа со раце внимателно расучете го од средината кон рабовите додека стане речиси проѕирно. Можете да ги отсечете рабовите кои се подебели.
Премачкајте го тестото со малку масло или стопен путер. Рамномерно распоредете го филот по целата површина. Внимателно завиткајте во ролна со помош на чаршав или со раце и префрлете го во подмачкана тепсија.
Загрејте ја рерната на 180 степени. Премачкајте ја штрудлата одозгора со масло или со изматено јајце и печете 35-45 минути, додека добие убава златно-кафена боја.
Печената штрудла оставете ја да се олади малку, па пресечете ја на парчиња и обилно посипете ја со шеќер во прав. Се служи топла или ладна, со чај, кафе или чаша млеко.
Варијации и совети:
- Може да се приготви и од готови кори, но домашното тесто дава поавтентичен вкус.
- За посочна штрудла, пред печењето попрскајте ја со малку млеко или минерална вода.
- Посна верзија: Користете вода наместо млеко и исфрлете го јајцето.
ФОТО: pasja1000 / Pixabay