Тост-леб, мачканица, сирење и салама ќе бидат доволни за да ги приготвите овие прекрасни сендвичи.
Многумина истакнуваат дека појадокот е најважниот оброк, па затоа не би било лошо да му посветите дополнително време, особено ако имате партнер со кого ги делите утрата.
Ако сакате да ја израдувате вашата подобра половина, предлагаме да подготвите овие одлични „писмо-сендвичи“.
Што се однесува до полнењето, можете да изберете секакво месо што го сакате, мачканица и сирење.
Исечете тост-леб во форма на писмо, премачкајте го, на пример, со мајонез, ставете лист кашкавал и, на пример, шунка, а потоа поклопете со другата половина леб и соединете ги рабовите со притиснување со виљушка.
Поврзани објави
Исечете едно срце од саламата и ставете го на вашето „писмо“ – и појадокот е готов.
Видео: Инстаграм