Table of Contents
Колку пати сте споделиле нешто со личност од доверба за потоа да сфатите дека сте направиле огромна грешка?
Постојат работи што едноставно не треба да ги споделувате, колку и да ви е некој близок. Не од себичност, туку од здрав разум и самопочит.
Она што денес изгледа како доказ за блискост, утре може да ви се одбие од глава – и тогаш ќе биде предоцна.
Ви откриваме 8 работи кои не би требало да ги споделувате ни со пријателите, колку и да ви се драги. Не се сите луѓе злобни, но не е ни секоја блискост безопасна.
Интимни семејни тајни
Колку и да ви е лојален пријателот, семејните работи се семејни. Денес, може да предизвикаат доверба и емпатија, а утре може да станат оружје во погрешни раце. Некои работи едноставно не треба да излегуваат од четири ѕида.
Финансии – особено пари на заем
Кога парите ќе се вмешаат во пријателството, најчесто довербата исчезнува. Штом почнат да кружат пари, границите се бришат, а очекувањата растат. Ако позајмувате, бидете подготвени дека никогаш веќе нема да ги видите тие пари – и одлучете дали пријателството ви вреди толку.
Лошо мислење за заеднички познаници
Оној момент кога ќе кажете „ова е само меѓу нас“ – веќе сте на тенок мраз. Луѓето не можат секогаш да му одолеат на пренесувањето сочни коментари. Вашите зборови може да бидат извадени од контекст и свртени против вас.
Слабостите и грешките на партнерот
Поврзани објави
Колку и да ви е близок пријателот, интимните работи во врската треба да останат ваша работа. Денес можеби само се исповедате, а утре таа личност може да го гледа вашиот партнер поинаку – или уште полошо да им го прераскажува на другите она што требало да остане меѓу двајца луѓе.
Шифри, пинови и лични податоци
Зошто би му давале пасворди од телефони, мејлови или од банка на вашиот најдобар пријател? Луѓето се менуваат, пријателствата се распаѓаат, а податоците стануваат злоупотребливи.
Лични несигурности и слабости
Не морате секому да му го откриете својот најдлабок страв или ранливост. За некои луѓе тоа е покана за манипулација. Споделувајте ги само со оние кои докажале дека навистина го заслужуваат тоа.
Планови што сè уште не сте ги реализирале
Понекогаш идеите подобро се развиваат во тишина. Прераното споделување може да доведе до саботажа – било намерно било од (не)пријателска конкуренција. Молчењето ја чува енергијата.
Чувства кон трета личност (особено ако се комплицирани)
Сите го знаеме она: „Ми се допаѓа, но сè уште никој не знае…“ Е, па, не мора да знае ни вашиот пријател. Бидејќи токму така се раѓаат незгодни љубовни триаголници, завист, па и предавство.
Тоа не значи дека не треба да имате доверба – но значи дека треба да ги штитите сопствените граници. Вистинските пријателства опстануваат и без потполно разголување. Она што е ваше – треба и да остане такво.