Разводот на поп-ѕвездата Јелена Карлеуша и поранешниот фудбалер Душко Тошиќ со месеци е главна тема во медиумите, откако таа самата изјави дека се разделуваат.
На големо се шпекулира како во иднина ќе изгледа животот на бившите сопружници, а по завршувањето на професионалната кариера, поранешниот фудбалер Дарко Тошиќ поголемиот дел од времето го поминува во Белград.
Популарниот фудбалски менаџер одлучи да инвестира пари во приватен бизнис. Имено, по завршувањето на судската постапка, односно разводот, тој преку својот Инстаграм ги извести своите следбеници дека отворил луксузен ресторан во елитна населба во која живеат голем број јавни личности.
Како што може да се види од објавите кои често ги споделува, темните нијанси доминираат во локалот кој се наоѓа во престижна белградска населба, а сè е направено во стилот на најскапите италијански ресторани.
Поврзани објави
Посебен акцент ставил на менито, а несомнено е дека бизнисот на Душко Тошиќ ќе доживее голем успех во наредниот период.
Фото и видео: Инстаграм