Пејачот Дејан Живиќ долги години е во етерот, а сега раскажа со какви неправди се борел низ годините.
Дејан Живиќ се соочил со многу неволји во животот, а сега изјави дека за доброто на својата кариера често немал што да јаде, бидејќи се трудел да го вложи и последниот динар во кариерата.
Секоја песна кажува нешто за мене и носи порака. Сакав секоја песна да им даде утеха на луѓето и да спаси барем еден човек да не ја доживее мојата судбина. Порано немав доволно да јадам, бидејќи инвестирав во снимањето на песни, но џабе е… Тешко е, но нема да се откажам“ – искрено изјави Дејан.
Пејачот се присети и на песната „Срце Балканско“ и откри дека им замерувал на соработниците затоа што не го испочитувале договорот токму во моментот кога таа нумера почнала да се промовира.
Поврзани објави
Има многу неправда во животот и суета, особено кај пејачите. Многумина не се фер играчи. Еден доказ е Џенан Лончаревиќ кој ја украде мелодијата и темата на песната што ја нареков „Bolna sećanja“ и ја создаде „Piješ sine“. Неговата песна стана мегахит, но не е важно, му простувам, како и на сите“ – искрен беше пејачот.
Фото: printskrin Youtube/Televizija E
ПОВЕЌЕ ДЕТАЛИ ПОГЛЕДНЕТЕ ОВДЕ: