Во склоп на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Северна Македонија функционира нов контакт центар.
Телефонскиот број е 02/ 15 215, а заинтересираните можат да се јават од 8 до 16 часот, од понеделник до петок.
Во контакт центарот, како што известува Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, граѓаните имаат можност да добијат податоци за состојбата на нивниот предмет или доставеното барање, како и податоци за условите за стекнување на: старосна пензија, семејна пензија и инвалидска пензија, најмал износ на пензија и остварување права со примена на меѓународни договори.
Исто така, можат да се добијат информации и за реализација на правата од Законот за работните односи: скратено работно време, промена на работно место, непосредна закана од настанување на инвалидност, утврдување на статус на осигуреници (земјоделци), продолжено осигурување, испратени во странство и вработени во странство, специфични категории на осигуреници (верски лица), остварување права за осигуреници со посебен стаж, задршки од пензија и услови за остварување право за сместување во дом за стари лица.
„ФПИОСМ со отворањето на новиот Кол центар прави уште еден чекор во насока на подобрување на услугите што ги дава, како и олеснување на пристапноста до информациите кои им се потребни на граѓаните, а се во негова надлежност“, се наведува во соопштението.
мд/вг/Фото: МИА архива
Извор: МИА