Почетна Убавина и здравјеРаскошна и кремлива – се топи в уста! – Убавина и здравје

Раскошна и кремлива – се топи в уста! – Убавина и здравје

од nenad
2 минути читај за

Ви предлагаме рецепт за најдобрата торта за роденден

Состојки:

За една кора (се печат три):

  • 5 белки
  • 8 лажици шеќер
  • 100 г мелени ореви
  • 2 лажици брашно

За филот:

  • 7 + 8 жолчки
  • 6 + 8 лажици шеќер
  • 1 л млеко
  • 120 г скробно брашно (густин)
  • 250 г путер
  • 200 г црно чоколадо
  • 200 г мелени ореви или лешници
  • 180 г шлаг-крем од ванила
  • 300 мл газирана вода или млеко
Приготвување:

Изматете 5 белки со шеќер во цврста пена. Додајте брашно и мелени ореви, па соединете со лажица. Вклучете ја рерната да се загрее на 200 степени.

Обложете плех со димензии 35х25 см со хартија за печење.

Сипете ја смесата за кората, израмнете и ставете ја да се пече во рерна, при што ќе ја намалите температурата на 180 степени. Печете 18-20 минути. Повторете ја постапката за сите три кори.

Одвојте ги жолчките така што ќе ставите 7 од нив во поголем пластичен сад, а 8 ќе ставите во помало тенџере. Од литарот млеко одвојте двапати по 100 мл. За филот ќе ви требаат 900 мл, а преостанатите 100 мл ќе ги искористите подоцна. Ставете го да зоврие преостанатото млеко (800 мл).


Поврзани објави

Во садот со 7 жолчки додајте 6 лажици шеќер и скробно брашно и 100 мл млеко. Измешајте за да нема грутки, па прелејте со зовриеното млеко.

Измијте го тенџерето од млекото, па сипете ја назад смесата за филот, ставете го на шпорет и сварете пудинг од жолчки.

Тргнете го од рингла, покријте го со фолија и оставете го да се олади. Во помалото тенџере со 8 жолчки, додајте 8 лажици шеќер и добро изматете со миксер додека смесата се удвои и осветли.

Во малку поголемо тенџере сипете вода на висина до 2 см, ставете го на шпорет да зоврие, па ставете го во него помалото тенџере со изматените жолчки.

Варете го сето тоа заедно околу 20 минути, па тргнете ги од оган да се олади филот и непрекинато мешајте. Стопете чоколадо и оставете да се лади.

Загрејте ги до вриење тие 100 мл млеко што ви останале, па со него прелејте ги мелените ореви или лешници и сето тоа добро измешајте го.

Изматете го малку оладениот пудинг од жолчки со миксер, па додајте омекнат путер и матете го сето тоа заедно.

Пота, додајте го и филот од сварени жолчки и повторно изматете. Поделете го филот на 1/3 и 2/3. Во помалиот дел ставете ги попарените ореви и измешајте, а во поголемиот дел додајте чоколадо и измешајте.

Изматете шлаг-крем со вода или млеко. Може да користите и обична, ладна вода.

Филувајте на следниот начин: кора – чоколаден крем – ванила шлаг – кора – целиот крем од ореви – ванила шлаг – кора – чоколаден крем – ванила шлаг.

Оставете ја да се стегне во фрижидер, па декорирајте ја по желба.