Поп-дивата со жестоки изјави за колегите и конфликтот со Деспиќ Десингерица.
Популарното музичко натпреварување „Пинкови ѕвезди“ стартува со емитување во сабота, 20 септември, а снимањата веќе траат во студиото во Шимановци. Атмосферата, според медиумите, е напната, а судири меѓу членовите на жирито се случуваат од самиот почеток.
Јелена Карлеуша, како една од најгласните членки, откри детали за снимањето. Таа истакна дека секој од колегите има своја улога – Зорица е „како наставничка по математика“, Босанац е „стручњак“, додека Вики останува „по старо, досадна“.
Посебно внимание привлече нејзиниот судир со раперот Деспиќ Десингерица.
Тој со неговиот опус не може да ми држи предавање. Јас траам 30 години, сите имаме свое место под сонцето и своја публика“, рече Карлеуша, додавајќи дека не сака да го омаловажи никој од колегите.
Поврзани објави
Со доза на иронија, пејачката прокоментира и за Вики Миљковиќ:
Доволно е да ја погледнеш и да го почувствуваш мирисот на ајвар.“
Според неа, токму ваквите изјави покажуваат дека шоу-бизнисот е „луда куќа“ во која секој мора да биде различен за да опстане.
printskrin youtube – infodoza