Почетна ЕкономијаНова сообраќана несреќа во Македонија – на пат кон болница, лицето починало во возило на Итната медицинска помош

Нова сообраќана несреќа во Македонија – на пат кон болница, лицето починало во возило на Итната медицинска помош

од nenad
1 минути читај за

Фото: илустрација

04/03/2025
ЛОКАЛНО


Мотоциклист загина во сообраќајна несреќа во близина на „Негорски бањи“.

– На 03.03.2025 во 14.18 часот во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека на регионалниот пат во близина на комплексот „Негорски бањи“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „фолксваген транспортер“ со валандовски регистарски ознаки, управувано од Д.С.(41) од с.Собри, валандовско и мотоцикл „хонда“ со гевгелиски регистарски ознаки, управуван од С.Д.(48) од село Негорци, гевгелиско, соопштија од полицијата.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот и на пат кон болница, починал во возило на Итната медицинска помош. Лекарот констатирал смрт, а увид на местото извршиле увидна екипа од ОВР Гевгелија и јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот било дадено на обдукција, додаваат од МВР.