Почетна ЕкономијаКандидатите за локалните избори ќе може да се рекламираат на 329 медиуми

Кандидатите за локалните избори ќе може да се рекламираат на 329 медиуми

од nenad
1 минути читај за

На претстојните локални избори, кандидатите ќе имаат можност да се рекламираат преку 329 медиумски куќи во државата.

Од вкупно 352 пристигнати апликации за регистрација во регистарот на радиодифузери, печатени изданија, електронски медиуми и интернет портали за локалните избори во 2025 година, Државната изборна комисија (ДИК) даде позитивен одговор на 33 телевизии, 42 радио станици, 8 печатени медиуми и 246 интернет портали.

Членот на ДИК, Светлана Карапетрова, на вчерашната седница информираше: “Пристигнаа 352 барања за упис во регистерот, исто така до ДИК се доставени вкупно 399 ценовници за платено политичко рекламирање. Врз основа на целата обработена документација се запишани 33 телевизии, 42 радиостаници, осум печатни медиуми и 246 интенет портали. Барањата на 22 правни лица, две телевизии, пет радиостаници, еден печатен медиум и 15 интернет портали се отфрлени како неуредни, односно ненавремено доставени, дополнително доставени се два ценовници за упис во регистерот, но на истите правни субјекти нема доставено барање со што се отфрлаат како неуредни”.

Вкупниот фонд за организирање на локалните избори во 2025 година изнесува 9,76 милиони евра, од кои две третини се средства наменети за медиумите и платеното политичко рекламирање.

Првиот круг од локалните избори ќе се реализира на 19 октомври, додека вториот круг е закажан за 2 ноември. На изборите ќе се избираат градоначалници и советници во 80 општини и во Градот Скопје.