Се шушка дека Џенифер Лопез се сплеткала со поранешниот сопруг на Никол Кидман, Кит Урбан
Изгледа дека Холивуд се подготвува за уште една љубовна романса меѓу познати личности, и тоа меѓу двајца за кои многумина никогаш не би помислиле дека би можеле да се зближат. Според извори блиски до славните, Џенифер Лопез наводно се зближила со Кит Урбан, поранешниот сопруг на Никол Кидман.
„Фактот што Џенифер и Кит си се довериле е многу значаен, бидејќи и двајцата се многу приватни и претпазливи кога станува збор за комуникацијата со другите. Изгледа дека се чувствуваат пријатно кога ги споделуваат личните проблеми, па дури и сопствените несигурности“, вели извор близок до нив.
Друг извор наведува дека Џенифер, откако дознала низ што минува Кит по разделбата со Кидман, почувствувала искрена желба да му пише од човечки аспект – без големи зборови, само за да му покаже дека некој разбира колку му е тешко. Бидејќи и двајцата се соочуваат со последиците од сопствените разводи, имаат многу заеднички работи.
Вреди да се потсетиме дека Кит и Џенифер се запознале пред 12 години. Во 2014 година, Лопез и Урбан заедно беа членови на жирито во шоуто „Американски идол“.
„Лопез и Урбан отсекогаш биле како создадени еден за друг. Кога работеа на ‘Американски идол’, сите зборуваа за тоа колку си одговараат и колку се привлекуваат. Тоа беше општопознато и сосема очигледно за сите на снимањето“, открива изворот.
Сепак, тие „никогаш не презеле ништо во врска со тоа бидејќи и двајцата биле во врска“. Урбан беше во брак со Кидман, додека Лопез по разводот од Марк Ентони беше во врска со танчерот Каспер Смарт. Еден извор дури тврди дека токму таа хемија била единственото нешто што ѝ пречело на Никол Кидман.
„Таа беше единствената на која ѝ пречеше тоа, бидејќи хемијата меѓу нив беше неверојатно силна“, наведува изворот.
Поврзани објави
Сега, кога и двајцата се слободни, гласините за можна романса повторно се разгореа. Сепак, некои нивни заеднички пријатели инсистираат дека е сè уште рано да се зборува за врска.
„Кит и Џенифер, всушност, имаат многу заеднички работи. Одлично се согласуваа додека работеа заедно и навистина изградија прекрасно пријателство. Засега дефинитивно се само пријатели, но не е тајна дека Кит ја смета Џен за неверојатно привлечна. Проблемот е што изгледа нема храброст да го направи првиот чекор. Секој пат кога пријателите ќе му предложат да ја покани на состанок, тој наоѓа некаков изговор“, открива извор близок до двојката.
Луѓето од опкружувањето на Џенифер Лопез се убедени дека Кит би можел да биде совршениот партнер за неа. Џенифер речиси секогаш избирала доминантни мажи, но ниту една од тие врски не успеала. Урбан, од друга страна, е многу поопуштен – тој без проблем ѝ дозволува на жената со која е во врска да биде во центарот на вниманието, без притоа да се чувствува загрозено.
„Џеј Ло сака да биде во врска и изгледа дека првиот маж што ќе биде подготвен да се потруди има добри шанси да ја освои. Кит ги исполнува условите. Само треба да се увери дека му е дораснат на предизвикот“, изјавил извор за Radar Online.
Дополнителна предност за Урбан е тоа што и двајцата се страствени љубители на музиката – нешто што ѝ недостигало за време на врската со Бен Афлек.
Се чини дека и самиот Урбан целосно закрепнал по разводот. По разделбата со Никол, Кит се надевал дека актерката ќе го моли да се врати дома. Но, дури откако ги видел фотографиите на Кидман од Италија, на кои таа е со новиот партнер, Мајкл Рајнштајн, конечно прифатил дека нема враќање назад.
ФОТО: ИНСТАГРАМ