Дознајте како да приготвите совршена торта со три кори, крем од ванила и чоколадна глазура која ќе ги воодушеви сите
Состојки:
За три кори:
- 9 јајца
- 180 г шеќер
- 180 г мелени ореви
- 90 г брашно
- 1 кесичка прашок за печиво
За кремот:
- 800 мл млеко
- 3 пудинга од ванила
- 150 г шеќер
- 200 г путер
- 150 г бело чоколадо
- 100 г мелени печени лешници
За чоколадната глазура:
- 200 г црно чоколадо
- 150 мл слатка павлака
Поврзани објави
Приготвување:
1. За корите, изматете три јајца со 60 г шеќер, додајте 60 г ореви, 30 г брашно и малку прашок за печиво. Смесата префрлете ја во калап со пречник од 24 см и печете 12-15 минути на 180 степени Целзиусови. Повторете ја постапката уште двапати.
2. За кремот, во дел од ладното млеко разматете пудинг и шеќер. Остатокот од млекото загрејте го, додајте пудинг и гответе додека се згусне. Во врелиот крем додајте бело чоколадо, па оставете го да се олади, покриен со фолија.
3. Изматете го омекнатиот путер, постепено додавајте го во оладениот пудинг и на крајот, мелените лешници.
4. Редете кора, третина од кремот, втора кора, крем, трета кора и преостанатиот крем.
5. За глазурата, загрејте слатка павлака, прелејте ја преку здробено чоколадо и мешајте додека добиете мазна глазура. Оставете да се олади и прелејте ја преку тортата.
6. Тортата оставете ја во фрижидер најмалку чест часа, најдобро прекуноќ.