Со врвна изработка и најквалитетни ткаенини, новата колекција на Luisa Spagnoli носи совршена елеганција и префинет италијански стил.
Откријте внимателно одбрани парчиња кои не само што совршено се вклопуваат во секојдневните комбинации, туку и ќе го дополнат вашиот изглед за (по)формални пригоди.
Од нежни кошули и блузи идеални за работниот ден, до впечатливи фустани и стилски комплети за вечерни излегувања – секое парче е создадено да ја истакне вашата женственост и софистицираност.
Поврзани објави
Новата колекција нуди палета на бои која ги комбинира класичните неутрални тонови со свежи живописни нијанси вклучувајќи и џинс. Повеќето модели се нагласени со елегантни везови и структурирани кроеви кои даваат уникатен и софистициран допир на секое парче.
Посетете нè во Ramstore Mall – приземје и откријте ги најновите модели што ќе ја освежат вашата гардероба со италијанска префинетост.
Следете нè на социјалните мрежи за дневна инспирација и модни новости!
Текст и фото: ПР