Table of Contents
Како што стојат работите, ниту еден друг не може да се спореди со него
Редакцијата на престижниот моден магазин „Мери Клер“ посветила месеци на темелно тестирање и анализа на широк спектар на парфеми. Преку ригорозен процес, тие го истражувале секој детаљ на мирисот, вклучувајќи ги интензитетот, дифузијата и долготрајноста, за да создадат најкомплетен преглед.
Тимот правел длабоки анализи, дискустирал за специфичните ноти на мирисот и се погрижил секој аспект да биде внимателно разгледан. Исто така, тие тестирале мириси во вистински, социјални ситуации, за да следат какви реакции предизвикуваат во различни опкружувања. Овој внимателен и темелен пристап овозможил на листата на победници да се најдат само навистина единствени мириси.
Парфемот Black Opium на брендот „Ив Сен Лорен“ ја освоил титулата за најдобар женски парфем на сите времиња, потврдувајќи го својот статус на модерен класик.
Зошто YSL Black Opium е специфичен?
YSL Black Opium се издвојува по својата единствена композиција. Почетните ноти на црно кафе веднаш освежуваат и ги опиваат сетилата, додека во срцевината на парфемот доминира нежниот цвет на портокал, кој го балансира интензитетот на кафето и му дава женственост на мирисот.
Базата ја сочинуваат ноти на кедрово дрво и пачули, кои додаваат длабочина и долготраен ефект, правејќи го мирисот постојан во текот на денот. Совршено се усогласени со цветните и тоновите на кафе, додека ванилата дава сензуална привлечност, која се задржува на кожата и создава заводливо миризливо искуство.
Комбинацијата на овие елементи го прави Black Opium мирис кој е истовремено храбар и софистициран, привлекувајќи жени од сите генерации.
Поврзани објави
Повеќе од парфем
Шишенцето на парфемот Black Opium, црно и светкаво, изгледа префинето и мистериозно. Овој современ класик е инспириран од легендарниот парфем Opium од 1977 година, кој станал симбол на луксуз и уметност во парфимериската индустрија.
Тимот на парфимери што работеле на парфемот Black Opium, вклучувајќи ги Натали Лорсон, Мари Саламањ, Оливиер Кресп и Онорин Бланк, успеале да создадат мирис кој балансира помеѓу безвременското и модерното, со посебен акцен на женственоста и елеганцијата.
Како да го носите?
За максимален ефект, најдобро е да го нанесете парфемот на пулсните точки. Почнете така што внимателно ќе го натапкате мирисот на зглобовите, потоа нанесете го на вратот и градите, што ќе му овозможи на мирисот да се развие и да ве обвие во текот на целиот ден. На овој начин, парфемот ќе се загрее од топлината на вашето тело и ќе создаде трајна, неодолива трага.
Оваа награда не само што го слави Black Opium како безвременски мирис, туку им дава инспирација на сите оние што сакаат да го истражат богатиот свет на парфемите. Победничката титула на овој парфем е доказ за неговата долготрајна популарност и може да ви послужи како инспирација за вашиот следен парфемски избор.
ФОТО: Andres Molina / Unsplash, Инстаграм / yslbeauty