Table of Contents
Во 1981 година, филмскиот критичар Џон Вилсон го организирал доделувањето награди за најлоша глума – оттогаш па до денес, овие 9 холивудски актери имаат добиено најмногу „златни малини“
„Златни малини“ добиваат само оние актери што се истакнале со исклучително лоша глума. Познато е дека Хале Бери е единствената што се појавила да ја прими оваа „награда“.
Ви откриваме кои се деветте најлоши холивудски актер кои добиле најмногу „златни малини“…
Силвестер Сталоне
Силвестер Сталоне има добиено вкупно 4 „златни малини“, додека 16 пати бил номиниран за оваа не толку ласкава титула. Поради огромниот број вакви награди и номинации, Силвестер е препознаен како најлошиот актер во 20. век. Сепак, во 2015 година добил „оскар“ и „златен глобус“ за најдобра споредна машка улога, а само една година подоцна повторно добил 2 „златни малини“ за најлоша споредна машка улога.
Адам Сендлер
Адам Сендлер добил 3 „златни малини“ за најлош актер, а бил номиниран уште 12 пати за истата награда. Парадоксално е тоа што овој актер и комичар заработува најмногу пари од сите други холивудски актери, па важи и за најбогатиот во неговата индустрија. Иако критичарите не ги сакаат и ценат неговите филмови и глума, публиката, сепак, ги сака.
Кевин Костнер
Кевин Костнер, познат по улогите во филмовите „Воден свет“, „Поштар“ и други, добил дури 3 „златни малини“ и 7 номинации. Смешно е што токму тие филмови се апсолутни хитови кај нас, а многу дами се вљубиле во овој актер откако го гледале токму во споменатите филмски остварувања.
Џон Траволта
Поврзани објави
Џон Траволта добил 2 „златни малини“ и дури 7 номинации. Изгледа дека публиката и критичарите не се согласуваат и во однос на овој познат актер.
Мадона
Мадона ја добила оваа награда дури 5 пати, додека исто толку пати била дополнително номинирана. Познатата пејачка еден период активно глумела во Холивуд, но изгледа на нејзините обожаватели повеќе им се допаѓа нејзината музика.
Деми Мур
Деми Мур успеала да освои две „златни малини“, а пет пати била номинирана. Интересно е што во 1996 година ги освоиле двете награди, па може да се заклучи дека таа година не ѝ била особено успешна, што се однесува до кариерата.
Шерон Стоун
На критичарите дури 7 пати не им се допаднала глумата на Шерон Стоун, па актерката добила 2 „златни малини“ и 5 номинации. Од друга страна, повеќе истражувања имаат покажано дека публиката ја обожава оваа актерка.
Ким Бесинџер и Меган Фокс се познати во Холивуд по лошата глума и неверојатната убавина. Многумина велат дека овие актерки добиваат улоги поради нивниот изглед.
Кој е најлошиот актер или актерка во Холивуд, според вас?
ФОТО: Инстаграм