16
Толку лесно се приготвува што ќе им успее и на почетници во кулинарството
Состојки:
- 2 јајца
- 200 г шеќер
- 1 дл масло
- 300 г моркови
- 250 г брашно
- 1 прашок за печиво
- малку цимет
- 1 ванилин шеќер
Приготвување:
Поврзани објави
1. Добро изматете јајца и шеќер, па додајте масло, рендан морков и сите преостанати состојки.
2. Вклучете ја рерната на 175 степени.
3. Префрлете го тестото во подмачкана и набрашнета тепсија и печете го околу 40 минути.
4. Печениот и оладен колач, по желба, прелејте го со чоколадна глазура или посипете го со шеќер во прав.