Не ја гледаат скржавоста како мана, туку повеќе како доблест
Веројатно сите знаеме барем една личност која е секогаш присутна на масата, но не сака да се допре за паричникот, а можеби за тоа се виновни ѕвездите. Луѓето кои се најголеми скржавци се родени во овие знаци:
Јарец
Јарецот, големиот финансиски планер на Зодијакот, често ја носи титулата најголем скржавец. Овој земјен знак едноставно сака да ги држи работите под контрола, а тоа ја вклучува и нивната банкарска сметка. Јарците се неверојатно дисциплинирани кога се парите во прашање – секој трошок е внимателно испланиран, а секој непотребен се избегнува. Јарците не ја гледаат скржавоста како мана, туку повеќе како доблест, бидејќи знаат дека штедливоста ќе им донесе сигурност и стабилност во иднина.
Поврзани објави
Бик
Биковите се познати по својата љубов кон луксузот и удобноста, но кога станува збор за споделување на тој луксуз, тие можат да бидат изненадувачки скржави. Тие ја ценат безбедноста и стабилноста, па затоа е природно да „им е страв“ да го го фатат паричникот.
Девица
Девиците се познати по нивната аналитичност, што се одразува во нивниот пристап кон финансиите. Едноставно не можам да поднесат трошење пари на неважни работи. Секој денар што го троши Девицата мора да има цел и да биде дел од поголемата финансиска слика. Девиците се експерти за избегнување на импулсни купувања и секогаш ќе ја најдат најдобрата зделка или попуст.