Почетна Убавина и здравјеНе ни претпоставувала што ќе ја снајде кога ќе се пресели кај неговите – Убавина и здравје

Не ни претпоставувала што ќе ја снајде кога ќе се пресели кај неговите – Убавина и здравје

од nenad
2 минути читај за

Наталија од Русија се вљубила во Џејкоб, нигериски принц и со него започнала сиромашен живот во африкански град

Наталија Соколова од Русија живеела обичен студентски живот – учела, работела како приватна туторка и се грижела за дедо ѝ. Не размислувала многу за љубов тогаш. Не ни сонувала дека една случајна средба во универзитетскиот ходник ќе ја промени засекогаш.

Средба со нигериски принц

Го запознала Џејкоб, харизматичен студен од Нигерија, кој, како што се покажало подоцна, бил потомок на кралско семејство од неговото племе. Иако прво сакале да останат само пријатели, времето и секојдневната комуникација си го направиле своето. Се вљубиле и таа љубов набрзо станала обострана и длабока.

Џејкоб бил познат во Ижевска, Русија – освојувал симпатии како танчар, учествувал во локални емисии, работел како модел и ја носел титулата „Мистер ИжГТУ“. Сепак, она што го издвојувало била неговата внатрешна смиреност и достоинството.

Емоциите преовладале

По неколкугодишното пријателство, тие сфатиле дека меѓу нив се родило нешто многу повеќе. Кога Наталија му соопштила на своето семејство дека ќе се омажи за Џејкоб, реакциите биле поделени, но добила поддршка. Ни неговото семејство не било веднаш воодушевено – Наталија им изгледала премногу „бела“. Сепак, средбата во живо ги срушила сите предрасуди.

Се венчале во Русија, а потоа и во Нигерија, каде што на свадбата со локални обичаи ги пречекале дури две илјади гости.


Поврзани објави

Нов живот, нови правила

Се преселиле во родниот град на Џејкоб, Минна, каде што живееле во семејната куќа со уште 12 роднини. Наместо луксуз, Наталија ја пречекало секојдневје без струја и вода. Сепак, се приспособила без драми. Кога им се родил синот Џанго, сите жени од домот ѝ помагале околу бебето со топлина и почит.

На почетокот Џејкоб не можел да најде работа, па Наталија почнала да заработува – прво, правела маникир, потоа како модел, па станала уредничка на онлајн-магазин, а потоа и дизајнерка на ткаенини и облека. Отворила и сопствена продавница, па подоцна и агенција за декорација и организација на венчавки.

Два света, едно срце

Денес живее во голема куќа, нивните деца имаат свои соби, а струјата и водата се стабилни, благодарение на генератори. Иако се приспособила на животот во Африка, Наталија редовно патува со семејството во Русија, каде што Џејкоб и понатаму ги одржува контактите, настапува и држи работилници за танц.

На Инстаграм споделува детали од својот живот, приказни за семејството и секојдневјето помеѓу два света. Нејзината топлина и позитивна енергија се чувствуваат во секоја објава.

Приказната на Натлија и Џејкоб не е бајка без препреки, туку сведоштво за љубовта, толеранцијата и храброста да се преминат границите – географските, културните и личните.

ФОТО: Инстаграм