Познатиот водител и композитор се врати на сцената по тешката здравствена борба и зборува за процесот на опоравување.
По мозочниот удар што го доживеа пред два месеца, Жика Јакшиќ се врати на снимањето на музичкото натпреварување „Никогаш не е доцна“. Иако процесот на рехабилитација сè уште трае, тој се чувствува доволно добро за да продолжи со работата и првпат детално зборува за тоа како се случило сè.
Водителот откри дека првите знаци ги забележал уште утрото кога се обидел да се избричи.
На левата рака нанесов пена за бричење, десната држев брич, но не можев да се избричам. Зборував како пијан, а дел од лицето ми се спушти,“ раскажа Жика, додавајќи дека веднаш побарал помош од пријател и бил однесен во болница.
Поврзани објави
Во првите денови по болницата најмногу му помогнале син му Андрија и снаата, кои го организирале со терапиите и му помогнале да се дисциплинира во грижата за здравјето. Жика призна дека мозочниот удар го сфатил како сериозна опомена и дека одлучил да го промени начинот на живот, особено односот кон лековите и контролните прегледи.
Сфатив дека треба да се слушаат докторите и да се пие терапијата редовно. Високиот притисок е сериозен проблем и советувам на сите да не го занемаруваат,“ предупредува Жика.
Денес, тој се чувствува подготвен да ја води емисијата и со оптимизам гледа кон целосно закрепнување.
printskrin Youtube – k1 televizija zika