Совршено решение за сите мајки и деловни жени што сакаат вкусен оброк без мака!
Кога летните горештини не дозволуваат да стоите со часови покрај шпоретот, овој едноставен рецепт за ручек е вистинско освежување! Без многу труд, но со максимално уживање во вкусот, ќе приготвите јадење што го освојува и најпребирливото непце.
Сè се прави во една тава, додека вие можете да си го посветите времето на одмор или нешто поубаво. Совршениот спој на сочното мелено месо, зеленчукот и растопениот кашкавал е веќе летен хит во кујната на модерната жена!
Потребни состојки:
-
1 црвена пиперка
-
3 компири
-
1 главица црвен кромид
-
1 домат
-
500 г мелено јунешко месо
-
250 мл доматен сок
-
200 г кашкавал
-
Сол, бибер, зачини по вкус
Поврзани објави
Приготвување:
1️⃣ Измијте и исечкајте го зеленчукот на средно големи парчиња.
2️⃣ Во поголема тава за печење измешајте го зеленчукот со меленото месо.
3️⃣ Додајте го доматниот сок, зачинете по вкус и добро промешајте.
4️⃣ Покријте ја тавата со алуминиумска фолија и ставете ја во претходно загреана рерна на 200 степени.
5️⃣ Печете околу 20 минути под фолија, потоа тргнете ја фолијата и продолжете со печење уште 15 минути.
6️⃣ На крај, наросете рендан кашкавал и вратете во рерна дополнителни 5 до 10 минути – сè додека сирењето се стопи и добие златно-кафена кора.
Сервирајте топло, со свежа сезонска салата по ваш избор.
Совет плус: Ова јадење е идеално и за следниот ден – само загрејте го и уживајте повторно!
Фото: Pixabay