Емоциите на Нена Поповиќ ставија крај на сите гласини за односот со вдовицата на Саша Поповиќ.
Шест месеци по смртта на познатиот музички продуцент Саша Поповиќ, неговата сопруга Сузана Јовановиќ и понатаму со посветеност го чува споменот на него. На шестмесечниот помен на Бежаниските гробиша присуствуваше и неговата сестра, Нена Поповиќ, која јавно проговори за нивниот однос.
Иако со месеци кружат шпекулации за нарушени семејни врски, Нена со неколку зборови стави точка на сите приказни. Таа искрено откри дека Сузана секојдневно ја бара по телефон, прашува за нејзиното здравје и се грижи за неа како за најблиска личност.
Поврзани објави
Сузана е жена-змеј. Секој ден ме прашува дали ми треба нешто. Среќни сме и горди што Сале ја имаше токму неа покрај себе,“ изјави Нена.
Потсетуваме, Саша Поповиќ почина на 6 март во Париз, по долга борба со тешка болест. И покрај големите напори и вложувања во лекување, исходот бил трагичен.
printskrin Youtube – k1 tv sasa popivc