Почетна Убавина и здравје„Не е добар ни текстот, ни пеењето, ни клавирот…“ (ВИДЕО) – Убавина и здравје

„Не е добар ни текстот, ни пеењето, ни клавирот…“ (ВИДЕО) – Убавина и здравје

од nenad
1 минути читај за



Сопругот на Антониа Гиговска ја изведе авторската песна „Не могу“, но Реља Поповиќ и Наташа Беквалац не беа импресионирани од настапот.

Роберт Спасенцовски реши да го покаже својот музички талент пред регионалната публика и се појави во популарното шоу „IDJShow“. Македонскиот музичар, кој е сопруг на Антониа Гиговска, пред жирито ја изведе својата авторска песна „Не могу“.

Сепак, неговиот настап не ги освои членовите на жирито Реља Поповиќ и Наташа Беквалац. Поповиќ по изведбата имаше забелешки за настапот, а притоа рече:

Не е добро ова. Освен свирењето клавир, сè друго беше онака…“.

На неговата забелешка веднаш се надоврза и Беквалац со уште пократок, но остар коментар:

Не беше ни свирењето на клавир“.

Кога Роберт откри дека самиот ја напишал песната, Поповиќ продолжи со критиките и порача:


Поврзани објави

Не е добар ни текстот“.

Спасенцовски инаку редовно ја придружува Гиговска на нејзините настапи во живо, а двајцата заедно работеа и на нова верзија на популарната песна „Чукај, чукај“ со Благица Павловска.

Овојпат, сепак, неговиот соло настап пред регионалното жири не помина според очекувањата.

Screenshot Instagram