Оваа интимна сцена ја довела Марија Шнајдер до лудило, а имала само 19 години
Француската актерка Марија Шнајдер била практично тинејџерка кога била принудена за потребите на снимањето на филмот „Последното танго во Париз“, да изглуми брутална сцена на силување со колега речиси три децении постар од неа – Марлон Брандо. Ова мачно искуство ѝ оставило трајни последици на нејзината психа, но и на нејзината кариера, па до крајот на животот не можела да се ослободи од сенката што ја следела поради таа улога.
„Последното танго во Париз“ бил прогласен за вулгарен филм, во неколку земји било забрането неговото прикажување, а сцената криела и многу подлабока и помрачна тајна.
Режисерот Бернардо Бертолучи и актерот Марлон Брандо заработиле брдо пари, собрале номинации за „оскар“, но жената што ја играла централната улога во филмот поминала значително полошо, дури и трагично!
Марија Шнајдер, тогаш 19-годишна Французинка, го оживеала ликот на Џини, свршеничка на напорен режисер. Во филмот свршениците доаѓаат во Париз да разгледаат стан и се запознаваат со американскиот емигрант Пол. Џини и Пол започнуваат страсна врска која кулминира со присилен секс, во фамозната сцена со путерот.
Поврзани објави
Токму оваа сцена најмногу ја шокирала публиката и критиката.
„Сцената не беше во оригиналното сценарио. Ми кажаа за неа дури тогаш кога требаше да ја снимаме. Марлон ми велеше да не се грижам и дека тоа нема да биде реално, но моите солзи беа вистински. Искрено, се чувствував како да сум силувана“, раскажала Марија пред неколку години за „Дејли Њуз“.
Марија стекнала светска слава, луѓето ја препознавале на улица, но нејзиниот живот тргнал во лоша насока.
„Страшно беше да се стане славен. Во тоа време немавме телохранители, а луѓето честопати мислеа дека сум иста како ликот што го играв на филмското платно и се обидуваа така да се однесуваат со мене. Доживеав толку многу непријатности…“, се присетила Марија.
Целата контроверзна сцена можете да ја погледнете ТУКА.