Почетна Убавина и здравјеДецата ги обожаваат и ги јадат до последното залаче! – Убавина и здравје

Децата ги обожаваат и ги јадат до последното залаче! – Убавина и здравје

од nenad
2 минути читај за

Ви предлагаме 5 брзи јадења на кои никој не може да им одолее

Дали и денес си помисливте: „Што ли да готвам денес?“. Нашиот предлог е оваа недела да си угодите себеси и секој ден да приготвувате по едно брзо јадење што ќе ви одземе само 15 минути.

Шпагети со домашен песто-сос
ФОТО: Unsplash

Состојки:

  • грст свеж босилек
  • сол и бибер
  • малку маслиново масло
  • малку свежи ореви
  • пола авокадо (не е задолжително)

Приготвување:

Ставете ги шпагетите да се варат и за тоа време, во блендер ставете измиен свеж босилек, маслиново масло, ореви, сол и бибер. Кога ќе го сомелете сето тоа, сипете го преку шпагетите (сосот ќе биде густ, но за да го разредите, можете да му додадете малку од водата во која се вареле шпагетите). Пред да ги послужите, изрендајте малку кашкавал.

Ризото од печурки
ФОТО: Unsplash

Состојки:

  • 300 г буковки (може и шампињони)
  • 1 главица кромид
  • сол и бибер
  • масло
  • околу 150 г измиен ориз

Приготвување:

Продинстајте кромид на масло во тавче. Додајте сечкани печурки. Кога ќе изврие вишокот вода, додајте измиен ориз, сол, бибер, куркума (по желба). Сето тоа промешајте го и кога оризот ќе почне да се лепи за тавчето, додајте вода. Сипете вода, така што ќе го потопи оризот. Поклопете и оставете да се крчка десетина минути. Потоа, можете да го посипете ризотото со сув или свеж магдонос, но и со кашкавал.

Топла оброк-салата
ФОТО: Mariha-kitchen/iStock/Getty Images


Поврзани објави

Состојки:

  • 300 г сварен компир
  • 1 главица кромид
  • 1 пиперка
  • 150 г суво месо или сланина
  • сол и бибер
  • 2 јајца

Приготвување:

Сварете ги компирот и јајцата. Излупете ги и исечкајте ги. Во салатата додајте кромид, пиперка, суво месо и зачини. Промешајте и послужете.

Крем-чорба од домати
ФОТО: Unsplash

Состојки:

  • 4 компира
  • 2 моркова
  • 1 главица кромид
  • 500 мл доматен сок
  • што повеќе свеж магдонос

Приготвување:

Компирот, кромидот и морковот прво продинстајте ги на масло, па сипете вода и оставете ги да се готват 15 минути. Испасирајте ги, додајте доматен сок, свеж магдонос и зачини, па оставете да зоврие. Послужете со павлака.

Риба и блитва
ФОТО: Unsplash

Состојки:

  • 4 парчиња скуша
  • сол и бибер
  • 500 г блитва
  • лук

Приготвување:

Исчистете ја скушата и засечете ја по ‘рбетот, така што ќе се одвои ‘рбетот со ковчињата. Посолете ја и забиберете ја, па пржете ја на врело масло додека зарумени. Послужете ја со блитва која претходно ќе ја обарите кратко, а потоа ќе ја исечкате и ќе ја продинстате со лук на масло.