Table of Contents
На листата на стоте најлоши јадења се нашол и српскиот тартар бифтек – а кога ќе прочитате како се приготвува, ќе ви стане јасно зошто
Веќе сме навикнати на листи на најпопуларни или највкусни јадења ширум светот, но дали некогаш сте размислиле која храна не би му ја препорачале никому?
Веб-сајтот Taste Atlas ја објавил својата годишна листа на 100 најниско оценети јадења на планетата, а на неславниот список се нашла и живата плескавица од Србија, и тоа на 42. место.
Како што е наведено, живата плескавица се приготвува од мелено јунешно месо, бибер, толчена пиперка, вегета и лук. Месото и зачините се ставаат во голема чинија, а потоа се мешаат со виљушка додека се добие хомогена смеса од која се прави плескавица.
Јадењето е одраз на времето кога работниците јаделе во државните угостителски објекти во СФРЈ. Бидејќи често брзале, обично јаделе живо месо во лепче за ручек.
Може да се каже дека ова е српската верзија на тартар бифтек.
Покрај ова, на првите десет места од листата на 100-те најлошо оценети јадења се нашле разни специјалитети со крв, исландско ферментирано месо од ајкула, шпански сендвич со сардини, чешка супа со бајат леб, британско желе од јагули и слично.
1. Крвави кнедли – Финска
2. Ферментирано месо од ајкула – Исланд
3. Сендвич со сардини – Шпанија
Поврзани објави
4. Супа со бајат леб – Чешка
5. Куглоф со карамелизирани нудли – Израел
6. Ферментирани внатрешни органи од риба во сос од кари – Тајланд
7. Најнездравиот бургер во светот со глазирана крофна наместо лепче – САД (содржи повеќе од 1000 калории)
8. Желе од јагули – Велика Британија
9. Лепчиња од компир и брашно – Чиле
10. Салата со артичоки – Крит, Грција