57
Печените полнети компири може да се јадат како главно јадење или како прилог кој одлично оди со се, од печено пилешко до ролати со месо или сочен стек. Доколку ги подготвувате како главно јадење, послужете ги со сезонска салата.
Ова е рецептот за највкусните печени полнети компири:
Состојки:
Поврзани објави
- 6 компири
- 6 лажици несолен путер (стопен)
- 1/2 чаша кисела павлака
- 5 ленти сува сланина, исечкана
- 2 чаши рендано полномасно сирење
- 1/2 лажичка сол
- 1/8 лажичка мелен пипер
- 2 млади кромидчиња, ситно сецкани
Подготовка:
- Загрејте ја рерната на 190 степени со решетката поставена во средината.
- Добро измијте ги компирите, исплакнете ги под млака вода и избришете ги со кујнска крпа. Потоа намачкајте го со путер од сите страни.
- Ставете ја решетката над плехот за печење. Ставете ги компирите на решетката и печете ги 45 до 55 минути или додека компирите не омекнат кога ќе ги притиснете.
- Во меѓувреме, пропржете ја сланината до златно кафеава боја.
- Извадете ги компирите од рерната и оставете да се изладат 20 минути.
- Кога компирите се доволно оладени, внимателно исечете ги на половина по должина. Извадете го центарот со лажица (оставете околу половина сантиметар на страна) и изгмечете го со вилушка.
- Измешајте го пирето со преостанатиот путер, павлаката, сирењето, сланината и мелената пиперка. Зачинете со сол и бибер.
- Наполнете ги издлабените половини од компирот со подготвената смеса. Вратете ги компирите во загреаната рерна и печете ги околу 25 минути.
- Послужете ги компирите и посипете ги со исечкан млад кромид. Можете да ги посипете и со пармезан.